Младите ракометари со убедлив триумф над Турција го започнаа настапот на ЕХФ шампионатот

Фото: РФМ

Ракометната репрезентација на Македонија до 18 години на најдобар можен начин го започна настапот на ЕХФ шампионатот во Рига, Естонија, со убедлив триумф од 34:20 над Турција.

Турците беа рамноправен противник само во воведните минути кога имаа 5:5, по што следеше серија од 4:0 на Македонија по што до рутински ја задржа предноста до крајот на првиот дел и на одмор ракометарите на селекторот Раде Стојановиќ заминаа со предност од 15:10.

Македонија второто полувреме го започна со мини серија од 3:0 за уедливи 18:10, а во 42. минута предноста стана двоцифрена (23:13) со што беше јасно дека на победата ќе и се радуваат нашите ракометари.

На крајот, Македонија славеше со 34:20. Најдобри во нашата репрезентација беа Александар Петковски со десет гол и голманот Давид Брестовац кој имаше 18 одбрани.
Следниот предизвик за македонските ракометари ќе биде дуелот со Косово кој ќе се игра утре од 13 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот