Младите ракометари го прегазија Косово на ЕХФ шампионатот

фото: РФМ

Ракометната репрезентација на Македонија до 18 години ја оствари втората победа за помалку од часа на ЕХФ шампионатот што се одржува во Летонија. Втора жртва на македонските кадети беше селекцијата на Косово која е совладана со убедливи 39:16.

Македонските ракометари лошо го започнаа натпреварот, им дозволија на противничките играчи да поведат со 2:7 и 4:9, по што следеше серија од 5:0 на избраниците на селекторот Раде Стојановиќ и потоа ја презедоа контролата на резултатот.

Доминантната игра и во одбрана и во напад во првото полувреме ја крунисаа со серија 12:2 и на одмор заминаа со убедливи 21:11.

Вториот дел мина во рутинска игра на македонските надежи кои успеаја да ја зголемат предноста и на крајот да слават со убедливи 23 гола разлика, 39:16.

Најдобар ракометар во нашиот состав беше Петковски со девет гола, додека по пет постигнаа Узунчев и Димковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот