Младите од Тетово ги обоија дупките по улиците за да укажат на потребата од нивно санирање

Млади активисти од Тетово, членови на неформалната група „Арт активизам”, симболично ги обоија дупките по градските улици, со цел да ѝ укажат на општината на потребата од нивно санирање. Според нив, граѓаните на социјалните мрежи веќе споделуваат информации за постоење на ваквите ударни дупки, за луѓето да знаат каде и како да ги избегнуваат за да не ги оштетат возилата.

– Градските улици во Тетово се полни со дупки, кои ги има толку многу што возачите и граѓаните почнаа да ги користат и социјалните мрежи за да се информираат меѓусебно и да се предупредат меѓусебно за некоја нова дупка во градот. Граѓаните секојдневно страдаат со штетите предизвикани од дупките, а општината нема слух за граѓаните. Затоа, денеска млади активисти од Тетово почнаа со акција за санација на ударните и најкритичните дупки” со цртежи, на сите градски патишта на територија на општината, и воедно да им испратаат порака на општината, информираат од „Арт активизам”.

Според објавите поставени на државниот електронскиот систем за јавни набавки на 8 февруари оваа година, општина Тетово распишала оглас токму за изведување на работи „Пополнување на ударни дупки на улици и патишта во Општина Тетово”. Отворањето на понудите е предвидено за 23 февруари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот