Младите од Пелагонскиот регион ќе добијат Центар за претприемништво и креативност

Прилеп/Фото: МИА

Студентите и младите македонски претприемачи од Пелагонискиот регион од денеска ќе имаат место каде ќе ги развиваат своите идеи и ќе создаваат услови за развој на локалната економија, во новиот Центар за претприемништво и креативност што ќе се отвори на Економскиот факултет во Прилеп.

На отворањето ќе говорат министерот за локална самоуправа Ристо Пенов, проф. д-р Игор Неделковски, ректор на Универзитетот Св. Климент Охридски – Битола, проф. д-р Драгица Оџаклиеска, деканка на Економскиот факултет – Прилеп и Виктор Митевски, претседател на Здружението за истражување и анализи (ЗМАИ).

Центарот е формиран во рамки на проектот BeCircular – Подобрување на вработеноста преку претприемништво и циркуларна економија, а е финансиран од програмата за прекугранична соработка (IPA CBC) на Европската Унија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот