Младите не се трудат како Рафа, Новак и Федерер – Слободен печат
ОстанатoСпорт

Младите не се трудат како Рафа, Новак и Федерер

Поранешниот тренер на Рафаел Надал ги критикуваше младите тенисери кои дозволуваат ветераните сеуште да доминираат на тениските терени.

Тони Надал, вујкото и поранешниот тренер на Рафаел Надал упати критики кон младата генерација на тенисери кои дозволуваат сеуште да доминираат ветераните како Надал, Новак Ѓоковиќ и Роже Федерер.

– Во тенисот сега имаме повеќе права отколку обврски, играчите уживаат повеќе но тоа си има последици. Младите се навикнаа некои работи да ги добиваат полесно и побрзо. Младите се добри и талентирани но не се  доволно посветени на тенисот. Гледав како неколкумина многу лесно се откажуваат, а ги гедам Рафа, Новак и Роже кои и кога губат го даваат максимумот. Кога Рафа дебитираше на тениските турнири, најдобрите тенисери имаа 21, 22 или 23 години, а сега имаат 30, 32 и 37 години. Младите мора повеќе да се трудат, а не да очекуваат прку ноќ да остварат успех – вели Тони Надал кој сега се грижи за тениската академија на неговиот внук.

На моменталната АТП ранг листа, на првото место се наоѓа 30-годишниот Новак Ѓоковиќ, веднаш зад него е 32-годишниот Рафаел Надал, додека настариот од големата тројка, 37-годишниот Роже Федерер се наоѓа на четвртото место.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close