Младите македонски борачи со 12 медали на Балканското првенство во Букурешт

Агенцијата за млади и спорт организираше прием за Боречката федерација/фото: facebook.com/AMSMacedonia

Агенцијата за млади и спорт (АМС) организираше прием за Боречката федерација која учествуваше на Балканското првенство за возрасни категории У15 и У17, кое се одржа во Букурешт.

Нашата репрезентација настапи со 33 учесници и освоени беа вкупно 12 медали. Со златен медал се закитија Мердијан Џелили, Омер Мемеди и Шаќир Беслими.

Потоа, сребро имаат Марио Ананиев, Стојанче Стојков, Меди Беслими и Ангела Трајковска. А „бронзени“ се Трим Исмаили, Стефан Стојков, Харбин Ахмети, Елена Дејкоска и Садије Дура.

АМС им упати честитки до сите натпреварувачи и нивните тренери Горан Стојанов, Горан Атанасов, Нехат Џафери и Илчо Маркоски.

Екипно Македонија во романскиот главен град се пласираше на третото место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот