Младите лекари ЛУТИ, две години чекаат средба со Лекарската комора

На денешната дебата за подобрување на безбедноста на здравствените работници на работното место претставници на Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари, реагираа дека две години бараат средба со раководството на Лекарската комора, но никако да бидат повикани.

-Сме испратиле писма со барање за средба неколку пати, но одговор нема. Немаше покана ниту за денешната дебата. Збунети сме зошто не сме поканет – рече Ненад Лазаров од Асоцијацијата на млади лекари.

Претседателката на Лекарската комора, Калина Гривчева Старделова  одговори дека до нејзе не стигнало барање за средба, но дека ќе провери во архивата  и ако има пропуст ќе бара соодветна санкција.

-Нема потреба од закажување средба, Комората е отворена, јас сум таму секој ден, кога сакате може да дојдете – рече Гривчева Старделова.

На прашањето дали ќе го поддржи протестот кој младите лекари го организираат во среда претседателката на ЛК рече дека таа секогаш на протестите е во првите редови, иако откако е на оваа функција немало протест.

Инаку Асоцијацијата на млади лекари организира протест против нисилството врз лекарите што ќе се одржи во среда со почеток во 11 часот во кругот на Клиничкиот центар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот