Младите кошаркарски го поправија впечатокот, но сепак загубија од Бугарија

фото: КФСМ

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија до 18 години, го одигра најдобриот натпревар на ФИБА „Челенџерот“ во Софија, но повторно загуби.
За разлика од дебаклот против Словенија кога во две четвртини не постигнаа ниту еден поен, овој пак младите кошаркарки одиграа далеку подобро иако загубија од домаќинот Бугарија со 64:55

Избраничките на селекторот Јелена Антиќ денеска покажаа дека се подготвени да одиграат добри 40.минути. Дури и повеќе од тоа, да ја нападнат Бугарија, и во најголем дел, не само да бидат конкурентни, туку и подобри од противникот.По негативата во која бевме на полувремето (29:38), девојките ја одиграа најдобрата четвртина на турнирот во Софија. Ја решија во своја корист со (17:11), за -3, (46:49) на влезот во последната четвртина. Бевме блиску од израмнување и на 4:14 минути до крајот. (52:56), но немаа сили за комплетен пресврт.
Кошаркарите утре ќе одмораат, а во сабота ги очекува натпреварот против Албанија против кого ќе се бара првата победа на турнирот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот