Младите кошаркари поразени од Турција, им следува борба за опстанок во А-дивизијата

Марко Луканоски/фото: fiba.basketball

Машката кадетска репрезентација на Македонија е поразена од Турција во осминафиналето на Европското првенство А-дивизија што се одржува во Скопје со 74:82 и до крајот ќе се борат за опстанок во елитата.

Нашите кошаркари одлично го започнаа натпреварот со 7:0 по три минути игра, но потоа следеше пад во играта и до крајот на четвртината дадоа само пет поени, додека Турција даде 19 поени и по првата четвртина направи плус седум (12:19). Во втората четвртина турските кошаркари за прв пат дојдоа до двоцифрена предност и на одмор заминаа со сигурни 29:43.

Во второто полувреме, избраниците на селекторот Андреј Апостолски Лечиќ одиграа подобро, успеаја да дојдат до едноцифрена негатива, но немаа сили за целосен пресврт.

Никола Јаничиќ со 15 поени, Марко Луканоски со 13 и дури 20 скока беа најдобри во нашата селекција, додека кај Турција се истакна Дениз Гокпинар со 22 поени.

Следен противник на Македонија во битката за опстанок во А-дивизијата ќе биде Данска која убедливо загуби од Литванија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот