Младите кошаркари ги покажаа своите таленти на SkopjeStr3x3tball 2k19 (ФОТО+ВИДЕО)

Викендов 15.06 и 16.06 се одржа првиот SkopjeStr3x3tball 2k19 U-20. Турнирот се одржува 3 години по ред, но сега за првпат беше за учесници до 20 години. Турнирот се играше според FIBA 3×3 правилата.

Турнирот се оддржа на терените во хотелот „Александар Палас“ и на него учествуваа 26 екипи поделени во 7 групи од кои 5 со по 4 екипи и 2 со 3 екипи. Победник на турнирот беше 3×3 тимот на Casabar додека 2-то место и припадна на екипата 3×3 – 3ка.

Организаторите на турнирот се жалат дека немаат никаква поддршка од локалните власти.

Тука правилата се разликуваат од оние во 5×5. Натпреварот трае 10 минути или се игра до 21 поен, а нападот трае 12 секунди. По промена на поседот на топката, екипата е должна со топката да излезе надвор од линијата за 3 поени. Секоја екипа има право на 6 фаули. 7, 8, и 9-ти фаул се санкционираат со 2 слободни фрлања, а за секој нареден фаул по изведените слободни фрлања се доделува и топка од страна.

[foogallery id=”39518″]

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот