Младите фудбалерите подобри од Словачка

фото: ФФМ

Во интересен натпревар со многу голови и пресврти резултатот го отвори Словачка која преку Томаш Риго уште во петтата минута поведе со 1-0. Но, младите фудбалски надежи уште во првото полувреме направија пресврт, прво Фета во 25. минута изедначи, а Станковски четири минути подоцна погоди од белата точка за водство од 2:1.

Во второто полувреме, Словачка изедначи на 2:2, но нашите репрезентативци преку Илиевски го поставија конечниот резултат во 82. минута, и тоа со играч помалку по исклучувањето на Максимов.

– Сакам да им честитам на фидбалерите за победата. Покажаа карактер по вчерашниот несреќен пораз. Одиграа храбро, пожртвувано и заслужено победија на овој натпревар. Оваа екипа има потенцијал, кој допрва ќе дојде до израз. – изјави селекторот Шкумбин Арслани по денешната победа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот