Младите Баделки ќе играат во Јадранската лига – Слободен печат
КошаркаСпорт

Младите Баделки ќе играат во Јадранската лига

Кошаркарките на ЖКК Бадел 1862 од скопската општина Кисела Вода ќе се натпреваруваат во регионалната Јадранска лига WABA, У17.

ЖКК Бадел 1862, по пауза од една година, повторно се пријави за натпреварување во регионалната женска кошаркарска лига WABA, за девојчиња со возраст до 17 години.

Според тим менаџерот Љупчо Павловски со ова пријавување целта девојките да имаат поголем број на силни натпревари и на тој начин се зголеми квалитетот на играта.

Пример се нивните претходни настапи во оваа лига кога во двапати стигнаа до четвртфиналните борби.

– 10 девојки од нашите редови репрезентативки во овогодишната репрезентација со возраст под 18 години, од кои четири наши кошаркарки се од домашното првенство и шест од странските кошаркарски школи, од кои три играат во Италија, две во Шпанија и една во Унгарија. Се надеваме дека со настапот на нашите девојчиња ќе го достигнеме досегашниот успех, па и да го надминеме, пред се затоа што се работи за талентирани кошаркарки кои скоро сите се репрезентативки за селекциите до 16 и 14 годишна возраст, секако и со поддршка од Општина Кисела Вода и градоначалникот Филип Темелковски – изјави Љупчо Павловски, тим менаџерот на ЖКК „Бадел 1862″.

Покрај Македонија во претстојната натпреварувачка сезона во оваа возрасна категорија ќе земат учество вкупно 21 екипа и од Словенија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close