Младиот Нермин Ханџиќ од БиХ победи на „Ѕвездите на Гранд“

Нермин Ханџиќ
Нермин Ханџиќ / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Во финалето на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“ за победата се бореа 16 натпреварувачи. Секој од нив се обиде да го даде својот максимум за да ги добие гласовите на публиката која вчера го избираше својот фаворит со смс гласови.

По десет месеци борба, работа и напори на менторите да им го дадат најдоброто на кандидатите, конечно триумфираа најдобрите, а според публиката тоа е 18-годишниот Нермин Ханџиќ чиј ментор беше Вики Миљковиќ.

Младото момче од Тешањ во БиХ е средношколец и за себе вели дека во слободно време сака да игра фудбал, дека пред се е хумана и позитивна личност. Неговиот музички идол е Шабан Шаулиќ.

Нермин во финалната вечер освои 128.456 илјади гласови од публиката од Србија, Македонија, Црна Гора, и Босна и Херцеговина.

„Ох, немам што да кажам, навистина, кој и да победеше го заслужуваше тоа. Ви благодарам на сите од срце“, воодушевено изјави победникот.

Златната статуетка на победникот му ја врачи водителот Воја Недељковиќ, а претставникот на компанијата „Превент поинт“ му ги предаде клучевите од автомобилот „Опел Корса“. Покрај автомобилот, победникот ќе добие песна и спот од „Гранд продукција“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот