Младиот Клодијан е херој на денот во Албанија откако спречи инцидент во центарот на Тирана

Полициско возило на Албанија / Фото: МИА

Клодијан (22) стана херој на денот во Албанија, откако спречи инцидент без преседан во центарот на Тирана.

Тој го онеспсобил возачот кој со автомобилот влетал со голема брзина на плоштадот Скендербег каде што се поставени шаторите и се спроведува масовна вакцинација, но вообичаено во недела има големо присутво на народ.

„Албанскиот камиказа” Арбен Ќазими (35) ги проби оградите со автомобилот и влезе во плоштадот, правеше кругови, запираше па пак продолжуваше, загрозувајќи ги животите на десетици лица присутни на местото. Клодијан, го направи она што други се обидоа, но не успеаја. Кога малку запре го зграпчи преку отворениот прозор и го онеспособи, а потоа му пристигнаа на помош и други, по што дојде и полицијата.

Тестот што го направила полицијата, кај Ќазими не покажувал присуство на алкохол во крвта, но затоа имало присуство на дрога. И во автомобилот му била пронајдена помала количина кокаин и марихуана. Тој изјавил дека мислел оти вози по автопат.

Клодијан пак за медиумите изјави дека не се двоумел да интервенира зашто помислил дека е терористички акт.

– Пристигна еден луд автомобил, ми се причини како да е терористички акт, зашто сме слушале доста за вакви напади, меѓу толпа со луѓе, низ светот. Човечки мислев дека е неопходно да интервенирам, не мислев на последиците за мене, изјави Клодијан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот