Младиот Дамјановски е три години шампион, но не е на листата за ваучери!

Фото: babambitola.mk

Најмладиот мотокрос натпреварувач кој доаѓа од Битола, Антонио Дамјановски веќе трипати се закити со титулата шампион на Македонија.

Но, тоа не е доволно годинава да се најде на листата за ваучери која ја објави Агецијата за млади и спорт за активни спортисти.

Младиот битолчанец е член на „Ендуро Тим Водно“, лани го освои првото место во класата МХ85 на Смолево во рамките од Шампионатот на Македонија.

– Како секоја година, така и оваа на Антонио не му е доделен ваучер за активен спортист и шампион на Македонија. Неколку години распоредбата на ваучери ја врши Зоран Трајковски, претседател на Мотоциклистичка федерација на Македонија кој е воедно претседател на МК Мотори на кој им е доделена најголема сума за ваучер – изјави таткото на Антонио, Петар Дамјановски за веб порталот „babambitola.mk“.

Фото: babambitola.mk

ФОТО: Ивановски не можеше да поверува, па АМС ја исправи грешката!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот