Младинските фудбалски школи бараат помош од ФФМ и АМС

фото: ФФМ

Кризата со коронавирусот се одрази врз спортот, а истата слика не ја одмина ниту Македонија каде спортот исто така е во карантин.

Премиерот Оливер Спасовски вчера објави дека Владата ќе им помогне на сите македонски спортисти кои во наредните два месеци ќе добијат плата од дражвата во висина од 14.500 денари, но денеска се јавија и фудбалските клубови и школи кои работат со млади категории,и тие бараат итен состанок со ФФМ и Агенцијата за млади и спорт.

Поради запирањето на спортот во Македонија тие бараат на итен состанок да се разгледа состојбата и да се помогне, бидејќи неизвесна е судбината на повеќе од 6.000 дечиња кои тренираат фудбал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот