Младински репрезентативец на Египет го засилува Бутел

Фото: РК Бутел

Раководството на Бутел Скопје го договори ангажманот на младинскиот репрезентативец на Египет, Хусеин Валид Кадах.

Кадах има 20 години (195/102) и доаѓа од египетскиот клуб Ел Шармс Спортинг Клуб, а настапот во Македонија ќе му биде прво интернационално искуство во кариерата.

Египќанецот игра на левата бековска позиција, а може да покрие и на среден бек.

Навистина ми е чест што ќе играм за Бутел Скопје и ќе имам свој придонес на ракометната сцена во Македонија. Ова е фантастична можност во мојата кариера, и јас едвај чекам да ги придонесувам во тимот. Со нетрпение очекувам да работам напорно, да учам од моите соиграчи и тренери и да имам позитивно влијание на теренот. Заедно, верувам дека можеме да постигнеме големи работи и да донесеме успех на клубот, изјави Кадах

Претходно Бутел Скопје ги засили своите редови со пивотите Матеј Новаковски и Драган Шољиќ, левите бекови Теодор Тодоски и Тодор Узунчев и десните бекови Мартин Петровски и Димитар Узунчев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот