Младинската иницијатива за човекови права бара од МВР и народниот правобранител истрага за употреба на сила на протестите во Белград

Немири во српската престолнина откако претседателот Александар Вучиќ најави рестриктивни мерки, односно враќање на полицискиот час од понеделник до петок поради големиот раст на новозоразаени со коронавирусот / Јули 2020, Белград, Србија / EPA-EFE/KOCA SULEJMANOVIC

Младинската иницијатива ги повикува највисоките државните службеници на Србија, претседателот Александар Вучиќ, премиерката Ана Брнабиќ и останатите функционери да ги искористат нивните овластувања и надлежности со цел да ги нормализираат општествените односи.

Младинската иницијатива за човекови права бара од Министертсвото за внатрешни работи на Србија и Заштитникот на граѓаните, веднаш да покренат независна истрага за прекумерна употреба на сила од страна на полицијата на протестите во Белград.

„Јавноста мора редовно да биде информирана за напредокот на тие истраги, за да се воспостави доверба на граѓаните во институциите и полицијата,откако граѓаните со часови го следеа во живо преносот на судирите меѓу граѓаните и полицијата“, пишува во соопштението.

Младинската иницијатива ги повикува највисоките државните службеници на Србија, претседателот Александар Вучиќ, премиерката Ана Брнабиќ и останатите функционери да ги искористат нивните овластувања и надлежности со цел да ги нормализираат општествените односи, а не да придонесат за натамошни конфликти.

Во вчерашните протести повредени беа 43 полицајци, според директорот на полицијата Владимир Ребиќ, запалени пет возила и уништена е опрема. Приведени се 24 лица. Тој на новинарско прашање одговори дека полицијата „испукала солзавци колку што било потребно”.  Белградски медиуми јавија дека полицијата употребила над 30 солзавци за да ги растера демонстрантите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот