Младинките со пораз го завршија ЕХФ шампионатот

Фото: РФМ

После победата над Косово на турнирот во Литванија, нашата У19 селекција дојде до нов меч и шанса да се бори за нова радост, но на крајот не успеаја избраничките на селекторот Јулијана Дамчевска.

После првото полувреме водеше противникот со високи 16:10, а во вториот дел нашите ракометарки анулираа барем нешто од негативата на дуелот во Клаипеда.

По пет погодоци најефикасни на средбата беа Јанкуловска и Смајлоска, следени од Калајџиевска, Кипријановска и Трпевска по четири. На спротивната страна седум пати во листата на стрелците се запиша Хансен.

Во групната фаза Македонија забележа триумф уште една Грузија (29:15), а претрпе порази од Швајцарија (34:22) и од домаќинот Литванија (24:21), меч кој што беше пресуден за пласман во полуфиналните пресметки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот