Шарениот Вардар поразен на генералката пред Келн

фото: РК Металург

Екипата на Металург го совлада подмладениот Вардар со 32:29 во последното коло од македонскиот шампионат. Иако овој натпревар претставуваше генералка за „црвено-црните“ пред настапот на фајнал фор турнирот во Келн, тренерот Роберто Гарсија Парондо, одлучи да настапи со млад состав.

Парондо сакаше да ги одмори главните играчи пред саботниот  дуел со Барселона во Келн, но и воедно да ги заштити од евентуална повреда и затоа против Металург, настапија само голманите Дејан Милосављев и Калифа Гебдан.

Отсуството на ѕвездите на „црвено-црните“ го искористија ракометарите на Металург кои беа подобар противник. По израмнетото прво полувреме, во вториот дел, Металург успеа да направи поголема предност (30-23) и на крајот да слави со 32:29.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот