Млади скопски разбојници „оперирале“ во Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Е.Д. (23) и Џ.И. (22), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „кражба“ и „разбојништво“.

Според полицијата, тие кражбата ја извршиле на 1 ноември на улицата „Абас Емин“ во Охрид, кога од повозрасен жител на Охрид одзеле паричник во кој имало 18.000 денари.

Следниот ден, на улицата „Кирил и Методиј“ во градот, пријавените физички нападнале повозрасна жена од Охрид и ѝ одзеле чанта со 9.500 денари, личен предмет и документи, соопшти МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот