Млади кривопаланчани дивееле во кафеана, го истепале келнерот и го искршиле инвентарот

Фото: илустрација/ Слободен печат/Ристо Пејовски

Двајца млади жители на Крива Паланка се уапсени откако нападнале вработен во кафеана во градот, при што оштетиле и дел од инвентарот, соопшти полицијата.

„На 25.01.2022 во 00.45 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка ги лишиле од слобода И.Г.(23) и Р.В. (27), двајцата од Крива Паланка. Имено, на 24.01.2022 околу 23.30 часот во угостителски објект на ул.„Илинденска“ во Крива Паланка, тие физички го нападнале Т.С.(32), вработен во угостителскиот објект и оштетиле дел од инвентарот“, се вели во полицискиот билтен.

Од МВР додаваат дека по целосно документирање на случајот, против двајцата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Видео на денот