Младеновски и МЗТ Скопје „раскинаа“

Шампионот на Македонија, МЗТ Скопје и репрезентативецот Љубомир Младеновски, се согласија за предвремен раскин на договорот кој имаше важност и за наредната сезона.

Причината за предвремениот раскина на соработката е желбата на Младеновски кариерата да ја продолжи во странство по што клубот одлучи да му излезе во пресрет.

Љубомир Младеновски во МЗТ Скопје дојде на почетокот од минатата сезона, откако претходно помина една година во редовите на словенечкиот тим Илирија.

Тој беше стандарден дел од ротацијата на тренерот Ѓорги Кочов и имаше просек од 7.8 поени и 6.4 скокови по натпревар. Во АБА 2 лигата Младеновски постигнуваше просечно по 4.9 поени и 3.3 скокови.

 

 

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот