Младата Русинка го запроси Путин, сега чека одговор од рускиот претседател – Јулија преку ноќ стана медиумска ѕвезда (ВИДЕО)

Актерката од детскиот театар од Иваново, Јулија Шилова (29), ги шокираше не само своите сограѓани туку и многумина во Русија кога за време на разговорот со Владимир Путин со граѓаните, на претседателот му даде брачна понуда, и за неверојатно кратко време доби голем публицитет.

Путин во Иваново беше во детската поликлиника и на излезот по обичај го чекаше многу народ и таму една самоуверена девојка во сина јакна и капа му пријде на претседателот и на уво му шепна пред ТВ камерите: „Земете ме за сопруга“ . На прашањето од Путин како се вика таа му одговори – Јулија. Путин се насмевна и ѝ одговори дека нејзината понуда е интересна.

Бидејќи се сѐ случуваше пред ТВ камерите, многумина се запрашаа што ли тоа девојката му шепка на уво.

Подоцна Путин во разговорот со претставниците на граѓански организации во Иваново рече дека нивниот град го викале „град на невести“, па ете и тој добил понуда. Во советско време Иваново бил центар на текстилната индустрија и во него работеле многу жени, па затоа и го викале „град на невести“.

Инаку, Иваново е град од 405.000 жители и се наоѓа на 290 километри североисточно од Москва.

Новинарите кои го следеа Путин веднаш побрзаа да ја прашаат девојката што му рекла и таа веднаш им одговори. Им ја објасни и причината зошто тоа му го шепнала на уво:

– Јас од него сум одамна воодушевена. Ми се допаѓа како управува со земјата, како вешто ги решава проблемите, како се држи самоуверено додека води меѓународни преговори… Имам 29 години, работам во театар и водам детско шоу. Но досега не сум го пронашла саканиот маж, рече Јулија.

ФОТО: Скриншот

Јулија прво му предала две свои фотографии преку службата за протокол, а потоа чекала Путин да им пријде на граѓаните.

– На сликата оставив и број на телефон, може и да ми се јави – рече Јулија

– Кога разговарав со Путин, почувствував радост и возбуда. Му реков: „Ајде Владимир Владимирович, оженете се со мене, сакам да се омажам со вас“. Мислам дека би можела да бидам жена на претседателот. Сега уште треба да ги види моите фотографии, вели насмеаната Јулија.

Како што искоментира Путин, веднаш по таа средба во Иваново девојката многу брзо стана позната во Русија и новинарите ја бараа да им даде интервју. Дојде и во Москва и гостуваше на НТВ.

На прашањето дали и пречи големата разлика во години зошто Путин е постар од неа 30 години, таа одговори – не. Рече и дека пејачката Ала Пугачова е многу постара од сопругот, ТВ водителот Максим Галкин, па тоа не им пречи.

На прашањето дали ќе оди понатаму, таа рече дека има чувство за мерка. Направила неколку чекори, а сега треба само да чека.

Путин се разведе од сопругата Људмила на 6. јуни 2013 година. За разлика од Људмила, која не тагуваше долго и се омажи за помлад маж, интимниот живот на претседателот Путин остана тајна за јавноста. Жолтиот печат многу пишуваше за неговиот брак со шампионката во ритмичка гимнастика Алина Кабаева. Таблоидите дури и објавија фотографии од Алина со деца, но Путин никогаш не го потврди ниту негираше пишувањето за неговиот втор брак.

Слободен, спортист и не пие

Зошто Путин им се допаѓа на руските жени, се обидоа да дознаат некои портали. Иако не се смета за „убавец“ и е со понизок раст, на многу жени им се допаѓа бидејќи, како што велат русинките, важел за „вистински маж“. Што под тоа подразбираат руските жени? Мислат слично како и младата актерка Јулија од Иваново – „Путин е енергичен, упорен и се уште се занимава со спорт, а не пие“. Голем проблем за не така мал процент од руското население е што мажите рано почнуваат да пијат, што е и причина поради која умираат значително пред жените.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот