Млада сопруга мета на критики затоа што готви секој ден за нејзиниот сопруг: Го уништуваш феминизмот

Сонали Арора
Сонали Арора и нејзиниот сопруг / Фото: Принтскрин/Инстаграм

26-годишната Сонали Арора од Мелбурн, Австралија, секојдневно ужива да подготвува оброци за својот сопруг и не ни помислила дека поради тоа би можела да биде мета на критики.

Имено, таа на својот тикток-профил почнала да објавува видеа од оброците кои ги подготвува за нејзиниот сопруг Нипун, но многумина почнале да ја прозиваат дека глуми домаќинка од 50-тите и го уништува феминизмот.

„Ако не ми пишуваат такви работи, тогаш го напаѓаат мојот сопруг, велат дека е како двегодишно дете или дека е женомразач, а не го ни познаваат“, изјави Сонали за „Дејли Мејл“.

@sonali.arora_xx Omg the dinner this night was something else 🔥🔥 #cookingformyhusband #healthyliving #foodtiktok #foodie #husbandwife #wifelife #couplegoals #dinnertime #malaysianfood #thaifood #chef #easyrecipe #quickrecipes ♬ Monkeys Spinning Monkeys – Kevin MacLeod & Kevin The Monkey

Таа вели дека домаќинските работи подеднакво ги делат со сопругот, а готвењето е хоби во кое ужива. Се труди да не размислува за негативни коментари, но сепак брише некои ужасните критики.

„Јас готвам, тој ги мие садовите. Освен тоа, чистењето на бањата и чистењето со правосмукалка се негова работа“, истакна таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @skap_xx

Сонали работи од дома, па, како што вели, воопшто не ѝ е тешко да подготви вкусни оброци за неа и сопругот.

„Да не работев од дома, дефинитивно немаше да биде така. Обожавам да готвам, тоа е нешто што ме прави среќна. Уште посреќна ме прави кога ги гледам реакциите на мојот сопруг кога ќе ги проба јадењата“, објасни таа.

@sonali.arora_xx Those quesadillas hit different after being toasted 🔥🔥🔥 #packinglunchformyhusband #packinglunch #cookingformyhusband #easylunch #lunchbox #lunchideas #lunchformyhusband #easyrecipe #foodtok ♬ Love You So – The King Khan & BBQ Show

Сонали не планира да престане да објавува видеа од нејзините оброци, кои редовно добиваат илјадници прегледи.

„Јас всушност им помагам на луѓето да добијат идеи за тоа што можат да прават во текот на денот“, заклучи Сонали.

Видео на денот