Млада скопјанка прегазена на крстосницата кај Кузман, со тешки повреди заврши во Клинички

Полиција / Фото: МВР

Вчера во центарот на Скопје, возач удрил во пешак, при што пешакот се здобил со тешки телесни повреди.

На 23.06.2021 во 21.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул.„Св.Климент Охридски“, ул.„Димитрија Чуповски“ и ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје, патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од В.И.(26) од Скопје, удрило во пешакот С.З.(33) од Скопје, информира МВР.

Во незгодата С.З. се здобила со тешки телесени повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот