Млада Русинка се соочува со затворска казна поради користење на „Инстаграм“

Вероника Логинова
Вероника Логинова / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Руската инфлуенсерка Вероника Логинова би можела да се соочи со шест години затвор затоа што продолжила да ја користи социјалната мрежа „Инстаграм“, откако Владимир Путин го забрани тоа на почетокот на оваа година нарекувајќи ја „екстремистичка“.

Логинова ова го откри на својот профил, каде ја следат 556.000 луѓе, објаснувајќи дека во август, додека била во Париз, ѝ се јавила нејзината мајка и ѝ рекла дека полицијата тропнала на вратата од нивниот дом. Како што истакна, ѝ се заканиле со затворска казна тврдејќи дека „привлекува премногу внимание“ и дека нејзиното понатамошно објавување содржини на „Инстаграм“ може да се смета за форма на соработка со „екстремистичка организација“.

„Дали сте сериозни? Јас, 18-годишна девојка и модна блогерка? Претприемачка, сопственичка на бренд за облека која плаќа даноци во својата земја? Личност која објавува содржини за поддршка за менталното здравје и никогаш не допрела политичка агенда на нејзиниот профил?“, рече Вероника.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by VERONIKA L. (@logiinovva)

„Живееш, правиш убави фотографии, градиш бизнис, им помагаш на луѓето, никого не навредуваш. Но, живееш во Русија и меѓу милион блогери ви доаѓа полиција“, додаде таа во видеото што го објави повикувајќи ги своите следбеници да ја поддржат, велејќи дека никогаш не ни замислувала дека на нејзина возраст ќе ѝ бидат потребни адвокати.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by VERONIKA L. (@logiinovva)

Инаку, според „Инсајдер“, ова е прв случај поединец да биде „прогонет“ во Русија поради користење на „Инстаграм“, кој заедно со „Фејсбук“ е забранет во оваа земја од март. Русија создаде свој еквивалент на „Инстаграм“ наречен „Росграм“, но се чини дека оригиналната верзија продолжи да биде популарна. Ова не е првпат инфлуенсерите да протестираат затоа што им е забранет пристапот до „Инстаграм“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by VERONIKA L. (@logiinovva)

На почетокот на оваа година, една Русинка се расплака велејќи дека оваа апликација не е само извор на нејзиниот приход, туку и многу повеќе од тоа.

„За мене тоа е целиот мој живот, тоа е мојата душа. Тоа е единственото нешто со кое се будам, заспивам и така е пет години по ред“, рече таа и предизвика бројни негативни коментари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот