Млада прилепчанка ограбена доцна навечер во Аеродром

Вчеравечер, 28-годишна жителка на Прилеп пријавила во полиција дека пред неколку дена, доцна навечер, била ограбена во скопската населба Аеродром.

„На 13.01.2025 во 13.00 часот во СВР Скопје, Љ.С.(28) од Прилеп пријавила дека на 10.01.2025 околу 23.08 часот на подрачјето на општина Аеродром, едно лице со употреба на физичка сила ѝ ја одзело чантата со документи, пари и други предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот