Млада месечина во дипломатската и хармонична Вага: Прогноза за сите знаци на Зодијакот

ренесанса
Фото: Unsplash / Birmingham Museums Trust

Сè што ќе започнете во овој период пет дена пред и по младата месечина може да одекне во следните шест месеци. Задолжително искористете ги вашите шанси кога станува збор за деловни и љубовни понуди. Фокусирајте се на едноставноста, внатрешниот мир и хармонија, а сè останато е на Јупитер во комбинација со месечината може да ви донесе среќа, придобивки и богатство во секоја форма.

Секоја млада месечина носи нов почеток и промени, па така и оваа. Ги иницира сите партнерски односи, настани во јавниот живот на поединечни лица, во судството и други аспекти од животот, што зависи и од тоа на кое од вашите лични полиња се случува. Бидејќи ретроградноста на шест планети е сè уште актуелна, некои нови почетоци може да бидат одложени за одреден временски период. Не се препорачува прекин на врска или брак, партнерски односи, без разлика дали се љубовни или деловни.

Дури е можно да се помирите или контактирате со некои членови на семејството, стари пријатели и да започнете некои нови пријателства. Секако, оваа млада месечина ги зајакнува односите со луѓето во сите аспекти на животот. Сепак, бидете внимателни со одлуките и размислете добро, особено ако некои одлуки се пресвртница во вашиот живот.

Многу е поволно во овој период да влезете во нови деловни, пријателски и љубовни врски. Нагласено е и зајакнувањето на постоечките односи и врски. Во наредниот период се случуваат многу промени, особено во љубовта. Многу луѓе би можеле пријатно да се изненадат, особено кога се во прашање расположението и радоста, а не се исклучени убавината и купувањето убави работи. Сепак, не претерувајте, бидејќи месечината е во опозиција со Јупитер, што може да го зголеми хедонизмот и неконтролираните трошоци.

Што ги очекува хороскопските знаци поединечно?

Овен

Оваа млада месечина се случува на вашето поле на партнерски односи, деловни и љубовни односи, па затоа би било добро да доведете сè во хармонија и да ги балансирате односите со луѓе со кои не сте во најдобри односи. Можни се и деловни промени.

Бик

Оваа млада месечина е на вашето поле на здравјето, работата и секојдневието, па ве очекуваат промени, нови пресврти и почетоци во овие сфери. Неопходно е да воспоставите рамнотежа и хармонија во секојдневниот живот и емоциите да не влијаат на вашите односи со работодавците, колегите и деловните партнери.

Близнаци

Оваа млада месечина се случува во вашата петта куќа, што ќе ги раздвижи материјалните и љубовни желби кои можеби да зависат од материјалните потреби. Можно е семејството да влијае на вашиот емотивен живот, додека за некои ова ќе биде период исполнет со радост и хармонија.

Рак

За вас оваа нова месечина иницира и прави промени во вашето четврто поле на домот, семејството, интимноста, па некои луѓе може да имаат силни чувства кон едниот родител, најчесто мајката. Одредени Ракови можат да ги променат недвижностите, начинот на исхрана или да се вработат во институции поврзани со овие области.

Лав

Оваа млада месечина се случува во вашата трета куќа, која ја нагласува комуникацијата, сообраќајот, трговијата, роднините, за да можете да ги нагласите емоциите за пократко патување и некои нови почетоци во кариерата. Треба да ја балансирате комуникацијата и да се ослободите од неважните работи.

Девица

Оваа млада месечина се случува во вашето второ поле на финансии и материјални добра, што ќе поттикне силна желба за материјална сигурност. Емоциите и задоволствата се поврзуваат и со материјалното, па би било добро да се направи рамнотежа помеѓу материјалното и емотивното.

Вага

Оваа млада месечина е во вашиот знак, која ви дава самосвест, изразување поврзано со емоции. Иако сте добар дипломат, можеби оваа млада месечина ќе ве обземат емоции кои можете да ги изразите на малку чуден начин за другите околу вас и да ги вовлечете во вашите лични работи.

Скорпија

Оваа млада месечина се случува во вашата дванаесетта куќа, која ќе ги разбранува вашите најдлабоки и несвесни емоции. Може да имате длабоки психички и интуитивни согледувања, додека екстремната чувствителност со спротивставувањето на Јупитер ќе ве одведе во нереалност, затоа бидете внимателни и избалансирани.

Стрелец

Оваа млада месечина се случува во вашата единаесетта куќа, па емоциите се насочени кон надежите, желбите, потребите за пријателство и дружење, па ако сте го напуштиле вашето друштво, сега можете да ја обновите комуникацијата. Обидете се да воспоставите хармонија.

Јарец

Драги Јарци, оваа млада месечина се случува на полето на вашата кариера, што ќе ви предизвика емоции и потреба за препознавање и нагласување. Во вашата кариера се истакнуваат жени на позиции кои можат да ви помогнат. Можно е да станете познати и признати особено ако се занимавате со политика и јавни професии.

Водолија

За вас оваа млада месечина се случува во вашата деветта куќа, па ќе се стремите кон духовни аспирации, морални вредности, долги патувања, некои нови филозофски погледи на животот кои можат да ги исполнат вашите емоции. Голема инспирација и далечни патувања се пред вас.

Риби

Оваа млада месечина е во вашата осма куќа на трансформација, страст, емоции, психичка чувствителност и голема сила. Некои настани во финансиските сфери можат да ве доведат до повисоки трошоци или ризични инвестиции, затоа бидете внимателни. Можни се добивање наследства и пари преку партнери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот