Млада девојка загина во сообраќајка, нејзината сопатничка се бори за живот

Фото: МИА архива
Фото: Илустрација

Трагична сообраќајна несреќа се случила утрово на пат за село Селце прилепско, во која млада девојка го забуги животот, а друга девојка е тешко повредени, информира МВР.

-На 06.09.2020 во 06.00 часот во Полициска станица Прилеп, било пријавено дека на пат за с.Селце,прилепско има превртено патничко моторно возило „пежо“ со охридски регистарски ознаки, претходно управувано од Е.С.(21) од Прилеп, која починала на местото на настанот, а со тешки телесни повреди се здобила С.А.(21) од Прилеп, која со возило на итна медицинска помош била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и екипа од Полициска станица Прилеп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот