Млада бразилска пејачка загина во страотна авионска несреќа – Бразил жали по Марилиа Мендоча

Марилија Мендоча
Марилиа Мендоча/Printscreen/Youtube

Една од најпопуларните бразилски пејачки, Марилиа Мендоча, почина на само 26 годишна возраст во авионска несреќа овој петок – пренесуваат светските медиуми.

Несреќата се случила кога мал, приватен авион се срушил во југоисточната држава Минас Гераис.

Покрај Мендоча, во несреќата загинаа и нејзиниот продуцент, помошник пилотот и копилотот на авионот, пренесуваат од Ројтерс. Марилиа Мендоча стекна слава како пејачка која ја освои наградата „Латино Греми“ во 209 за најдобар албум во својата категорија.

Марилиа Мендоча
EPA-EFE/MINAS GERAIS FIRE DEPARTMENT ONLY AVAILABLE TO ILLUSTRATE THE ACCOMPANYING NEWS / MANDATORY CREDIT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Популарната интерпретаторка на бразилска музика остави зад себе двегодишен син, а пред да се случи несреќата, требало да настапи на концерт во градот Каратинга, одалечен само 12 километри од несреќата.

На само неколку часа од несреќата, таа објавила на социјалните мрежи видео во кое се подготвува да влезе во малиот приватен авион на пат за Каратинга.

Од владата на Бразил, изјавија дека оваа пејачка остава огромен впечаток и богат репертоар за бразилската култура и музика и нема да биде заборавена.

Причините за несреќата сè уште не се утврдени.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот