Млад жител на Делчево затворен во домот поради неисправниот лифт, му помагаат соседите (ФОТО)

Во меѓувреме Далибор освен што не може да се симнува пред зградата е исправен и пред друг предизвик. Потребна му е операција, но заедно со неговата мајка не се во можност да ја обезбедат потребната сума.

Честиот дефект на лифтот во зградата во која живее на улица „Кеј на Брегалница”, му го отежнува животот на 31-годишното лице со попреченост, Далибор Станковски од Делчево. Слегувањето на улица без лифт и помош од другите, како што вели Далибор е невозможна, но често и неостварлива, бидејки не се наоѓаат често луѓе кои ќе го спуштат по скалите, за да излезе надвор од зградата.

-Лифтот веќе неколку дена не работи, поради што сум заглавен дома и не можам да излегувам. Често ми помагаат соседи, но некогаш нема никој дома, луѓето се на работа, така што сум принуден да седам дома. Кога пак има кој да ми помогне, количката симнувајки се скала по скала се оштетува, што ми претставува дополнителен проблем, вели Станковски.

За неработата на лифтот се пожалија и соседите, кои рекоа дека уредно плаќаат за негово одржување и тој треба да работи.

 -Плаќаме по 300-400 денари, месечно. Јас однапред сум платила за половина година и заради тоа лифтот треба да работи. Тој најмногу му е потребен на Далибор, но ни е потребен и на сите нам, да си изнесеш дрва или да завршиш друга работа, вели сосетка на Далибор.

-Ако не им платиме за лифтот се случувало да не тужат и да не дадат на извршител и ни земаат по 8.000 денари, наместо 3.000 денари. Иако не живеам овде и доаѓам само да го проветрам станот и јас имам потреба од лифтот, бидејки имам проблем со нозете и не можам да одам по скалите, вели друга станарка во зградата.
Поради отсуството на претседателот на куќниот совет, одговор зошто не работи лифот побаравме од фирмата од Куманово која е надлежна за негово одржување.

-Во лифтот често знае да се заглави третото копче за кое сме го известиле претседателот на куќниот совет. Доколку е поголем проблемот како што тврдат станарите, ќе испратиме наша екипа во понеделник или вторник да го поправиме дефектот, додадоа од фирмата одговорна за одржување на лифтот.

Во меѓувреме Далибор освен што не може да се симнува пред зградата е исправен и пред друг предизвик. Потребна му е операција, но заедно со неговата мајка не се во можност да ја обезбедат потребната сума.
-Ја имам околу околу 10 илјади денари примања, кои се доволни само за лекови и задоволување на основните потреби, додава Станковски.
Неговата мајка која е 59-годишна жена, не е вработена и затоа да се најдат средства, како што вели е тешко.
-Треба да го носиме на операција во приватни болници, но не сме во можност,  јас не работам, не сум пензионер, така што тешко ќе биде, вели мајката на Далибор.
Засега помош за операцијата која му претстои, 31-годишниот делчевец може да прими единствено преку отворената трансакциска сметка на Унибанка со број 240167013611987 на име Далибор Станковски. Во обезбедување средства за операцијата, ветување дека ќе се обезбедат Станковски доби и од станарите во зградата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот