Млад возач со „Форд“ со крадени таблички прегази двајца полицајци на автопатот „Пријателство“, едниот е тешко повреден

Фото: МИА

Двајца полицајци се повредени, од кои едниот потешко, кога возач од Идризово ги прегазил на автопатот „Пријателство“ меѓу Велес и Катланово, соопшто МВР.

„На 27.09.2022 на автопатот „Пријателство“, во близина на с.Катланово, скопско, М.М.(24) од с.Идризово, скопско, управувајќи патничко возило „форд фокус“ со украдени регистарски таблички во Велес, во правец од Велес кон Катланово, не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници и со возилото удрил во две полициски службени возила и во двајца полициски службеници“, велат од полицијата.

„Притоа, со тешки телесни повреди, се здобил М.М. и еден полициски службеник, а со телесни повреди се здобиле друг полициски службеник и осум лица мигранти, кои ги превезувал во возилото. Увид бил извршен и по целосно документирање и расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, додаваат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот