Млад српски фудбалер од Лесковац загина на Охридското езеро

Никола Стевановиќ 12 дена беше во кома во Скопје/Фото: facebook/Nikola-kole Stevanović

Никола Стевановиќ Коле (26) од селото Доње Крајинце кај Лесковац, по кобен скок од карпа, не се разбуди од кома. Во Скопје се бореше 12 дена за живот, по што им подлегна на повредите.

Српскиот фудбалер, пред почетокот на сезоната, тој одмораше со пријателите на Охридското езеро. Во еден момент, тој скокна од карпа во езерото, удри во подводна карпа и го скрши вратот и шестиот пршлен.

Тој бил префрлен во Скопје, каде што бил опериран, по што паднал во кома од која не се разбудил, пишува Југмедија.

Зад себе ги остави својата мајка и сестра, оние што ги сакаше најмногу на светот. За него тагува и целата фудбалска заедница во областа Јабланица.

– Беше добар фудбалер и многу добар човек. Висок и силен млад човек, како да се стркала од карпа. Тага, голема тага – изјави за ЈуГмедија, секретарот на ГФС Лесковац, Милован Глушац.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот