Млад Србин пронајден мртов во стан во Скопје

Македонска полиција / Фото: МИА

Починат српски државјанин бил пронајден во стан во Скопје, информира МВР.

-На 21.10.2021 околу 04.30 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош било пријавено дека во стан на ул.„Орце Николов“ бил пронајден починат Н.П.(36) од Република Србија, со престој во Скопје, пишува во полициското соопштение

Од страна на лекар била констатирана смрт без траги на насилство. Во станот бил извршен увид, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција, додаваат од полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот