Млад скопјанец со нож ограбил бутик во трговски центар, заминал со повеќе парчиња облека

24-годишен скопјанец влегол во продавница за облека во трговски центар во градот, си одбрал повеќе парчиња облека и си заминал без да плати, заканувајќи му се со нож на вработен во бутикот, соопшти МВР.

„СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.Б.(24) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојничка кражба“. На 21.09.2024 од продавница во трговски центар во Скопје, пријавениот откако одзел повеќе парчиња гардероба, му се заканил со нож на вработениот и го напуштил местото на настанот, стекнувајќи се со противправна имотна корист од 38.376 денари“, пишува во полицискиот билтен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот