Млад разбојник од Скопје напаѓал и ограбувал пензионери, полицијата го уапси

Фото: Слободен печат / Драган Митрески

29-годишен жител на Скопје е уапсен под сомнение дека ограбил 71-годишна жена во населбата Центар, а полицијата се сомнева и дека пред една недела ограбил и 88-годишен жител на населбата Аеродром.

„На 20.04.2023 во 13.25 часот на подрачјето на Центар полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар го лишиле од слобода А.А.(29) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело тешка кражба, извршена на 15.04.2023 на подрачјето на Центар, каде со употреба на физичка сила одзел паричник од 71-годишна скопјанка. Исто така, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Аеродром и Драчево во текот на вчерашниот ден извршиле службен разговор со пријавениот поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “разбојништво” по член 237 од КЗ на РСМ, извршено на 13.04.2023 на подрачјето на Аеродром врз 88-годишен скопјанец, од кого одзел паричник и два мобилни телефона“, велат од МВР.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот