Млад полицаец од Сплит се бори за живот – Непознат маж го удрил со автомобил и побегнал

Фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Синоќа околу 00:50 часот полицаец (20) бил тешко повреден во Сплит. Како што информираат од сплитската полиција, младиот полицаец издал наредба за запирање на автомобил за време на надзор и контрола на сообраќајот, но засега непознатиот возач ја игнорирал и продолжил да вози без да успори или запре и со својот автомобил го удрил полицаецот, а потоа и побегнал.

Младиот полицаец веднаш добил лекарска помош во болница, каде било констатирано дека се здобил со тешки повреди опасни по живот, поради што е задржан на понатамошно лекување, соопштија од полицијата, наведувајќи дека се работи на целосно расчистување на случајот.

На местото на настанот е извршен увид и во тек е кривична истрага, се вели во полициското соопштение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот