Млад пејач на српска група пронајден мртов во бањата

Немања Јанковиќ беше пејач на популарниот панк бенд “Цигла ин Д Вугла” и член на Атлетскиот клуб “Сава” од Нов Белград.
Покрај неговата голема љубов кон музиката, Немања беше одличен атлетичар – тркач, а како што наведуваат пријателите на неговиот Фејсбук профил, тој бил пронајден мртов во бањата.
-Беше најбрзиот тркач во клубот, АК Сава – Нови Београд, 1.20h, полумаратон, а потоа беше повреден и не трчаше 19 месеци. Пред неколку дена се врати на атлетската патека и тоа беше многу емотивен момент за него, бидејќи многу сакаше да трча.  Ја доби својаата црвена маичка која се добива со категоријата полуелита, но за жал тогаш се повреди, па никогаш немаше можност да ја носи на трка, напиша еден пријател на неговииот Фејсбук профил.

„Почивај во мир, ми беше задоволство да ја делам со тебе стазата, беше голем тркач!” – напишал на својот Фејсбук еден негов колега и пријател.

Членовите на групата Гоблини се простија од Немања.

“Брате, почивај во мир”, пишува заедно со објавената фотографија на Немања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот