Млад навивач на Јунајтед му пиша на Клоп да престане да победува! (ФОТО)

фото: твитер

Детето фан на „црвените ѓаволи“ го замоли менаџерот на Ливерпул да им пушти на конкурентите да реализираат и да ја запре борбата за титулата..

Дараг Карли е млад фан на Манчестер јунајтед, кој успеа во рамките од школскиот проект да му испрати писмо на менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп.

Јунајтед и Ливерпул се најголеми ривали, а Карли го замоли Клоп да загуби неколку натпревари со цел клубот од „Енфилд“ да не биде шампион на Англија за првпат од 1990. година.

Сезонава Ливерпул е на многу добар пат тоа да го направи, моментно после 26 кола Редси се на првата позиција во Премиер лигата со 76 бодови, дури 22 повеќе од второпласираниот Манчестер сити, додека Јунајтед е на седмото место со 38 бодови.

фото: твитер
фото: твитер

– Моето име е Дараг. Имам 10 години. Ви пишувам со цел да се пожалам. Ливерпул победува на премногу натпревари. Доколку триумфирате уште на девет средби, ќе ја имате најдобрата низа без порази во историјата на англискиот фудбал. Поради тоа, тажно е да се биде навивач на Манчестер јунајтед. Ве замолувам Ливерпул наредниот пат да загуби, дозволете им на противничките екипи да реализираат голови. Се надевам дека ве убедив да не ја освоите лигата и никогаш повеќе да не победувате – напиша Дараг.

Неколку дена подоцна Клоп одлучи да му одговори на младиот навивач на „црвените ѓаволи“:

фото: твитер

– Драг Дараг, ти благодарам што ми пиша. Знам дека не ми посакавте среќа или нешто слично, но секогаш е убаво да се слушне млад љубител на фудбалот. За жал, во оваа прилика не можам да ја исполнам вашата желба. Колку и да сакате Ливерпул да изгуби, моја работа е да сторам сè што можам за да му помогнам на мојот клуб да победува. Има милиони луѓе низ целиот свет кои го сакаат тоа и не сакам да ги изневерам.

Среќа за вас, во минатото сме загубиле натпревари, а тие порази ќе ги има и во иднина. Тоа е фудбалот. Знам дека кога имате 10 години мислите дека работите ќе останат засекогаш како што се сега, но како 52-годишник можам да ви кажам дека тоа дефинитивно не е случај. Една работа можам да ти кажам која нема да се промени – вашата страст кон фудбалот и вашата љубов кон клубот. Манчестер Јунајтед е среќен што те има.

Се надевам дека доколку сме доволно среќни и освоиме некои трофеи, ти нема да бидеш толку тажен. Тоа е за мене сè што фудбалот треба да биде“ – напиша Клоп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот