Млад мотоциклист повреди пешак во Велес

Фото: EPA/GEORGI LICOVSKI

Вчера околу 19.50 часот на улицата „АСНОМ“ во Велес, мопед „кивеј“ со велешки регистарски ознаки, управуван од Ѓ.С.(19) од Велес, удрил во малолетен пешак, информира МВР.

Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Велес.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Велес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот