Млад маж загина во страшна сообраќајка на автопатот Куманово – Велес

Триесет и шестгодишник загина во сообраќајка на автопатот Куманово – Велес, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„Вчера во 14.30 часот на автопатот Куманово – Велес, на клучката „Петровец“, Д.Б.(36) од Куманово, управувајќи патничко возило „опел корса“, со велешки регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Д.Б. починал на местото на несреќата, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош – велат оттаму“, се вели во соопштението.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот