Млад кумановец загина во сообраќајка

Фото: Слободен печат/Архива

Млад кумановец загина, а друго лице е повредено во сообраќајна несреќа што се случи два и пол часа по полноќ, на улицата „Тоде Думба” во поширокото централно градско подрачје, соопшти денеска СВР Куманово.

Автомобилот „пежо” во кое се возеле двајцата, удрило во ограда и паркирано возило.

– Утрово во 02:36 часот на улицата „Тоде Думба” патничко моторно возило „пежо” со кумановски регистарски ознаки во кое се превезувале 26-годишниот П.П. и 29-годишниот Н.С. удрило во ограда и паркирано возило. На местото на несреќата починал П.П. Лекар од Итната медицинска помош Куманово констатирал смрт, соопштија од СВР Куманово.

Докторите од кумановската болница констатирале телесни повреди кај Н.С. Екипа на кумановската полиција извршила увид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот