Млад фудбалер на Лацио загина во сообраќајна несреќа!

Фото: instagram.com/gueroooo10

Млад фудбалер на Лацио, Даниел Герини, почина во средата вечерта во страшна сообраќајна несреќа, пренесуваат италијанските медиуми.

Неодамна наполни 19 години, важеше за еден од најголемите таленти во италијанскиот фудбал, бил во автомобилот со уште две лица кои претрпеле сериозни повреди и се наоѓаат во критична состојба.

Герини бил во автомобил „смарт“ со уште две лица, дошло до судир со класа „Мерцедес“ А управувано од 68-годишен маж. Се шпекулира дека причина за несреќата е неприлагодена брзина.

Герини е роден во Рим и тренираше во Лацио до својата 16 година. Оваа зима се врати во главниот град, откако беше дел од младинската школа во Торино.

Претходно тренираше и во Фиорентина и во СПАЛ и беше член на италијанската репрезентација до 15 и 16 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот