Млад ерменски голман загина во Нагорно Карабах

Фото: twitter.com/FC_Pyunik

Ерменскиот чувар на мрежата Гагик Абрахамјан (18) загина во борбите меѓу ерменските и азербејџанските сили во Нагорно Карабах, соопшти денеска неговиот клуб Пјуник.

Младиот фудбалер тргна во војна уште на почетокот од конфликтот, посочуваат од најтрофејната ерменска екипа на Фејсбук.

– Тој имаше само 18 години и беше повикан во младинските репрезентации на Ерменија. Наше сочувство до родителите, семејството и пријателите на Гагик – се вели во соопштението.

Абрахамјан бранеше за јуниорската екипа во ерменската младинска лига, а оваа сезона двапати застана меѓу стативите.

Во едниот дуел неговата мрежа беше недопрена, додека во вториот прими два гола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот