16 C
Скопје

Млад бизнисмен затаил данок од 208.300 евра

Дваесет и осумгодишниот М.И. од Скопје заработи кривична пријава од МВР за сторено кривично дело даночно затајување. Полицијата тврди дека како сопственик и управител на фирма од Скопје, на 26 февруари лани, со цел да избегне делумно плаќање на данок на добивка, во задолжителната пријава – образец „ДБ-даночен биланс за оданочување на добивка“ за деловната 2017 година, кој го доставил во име на правното лице, до Управата за јавни приходи при Министерството за финансии, внел и дал невистинити сметководствени податоци.

„Тој пресметал и пријавил даночна основа во износ од 7.118.190 денари, на која пресметал и уплатил данок на добивка во износ од 711.819 денари, иако бил должен да пресмета и пријави даночна основа во износ од 135.223.480 денари и да пресмета и плати данок на добивка во износ од 13.522.348 денари. На тој начин, неосновано и спротивно на Законот за даночна постапка и спротивно на Законот за данокот на добивка, даночната основа ја намалил за износ од 128.105.290 денари, кои не ги евидентирал како „непризнаени расходи за даночни цели“, не ги додал на „финансискиот резултат“ и тој износ не го пресметал и пријавил како даночна основа во поднесениот даночен биланс до УЈП, па за него не пресметал и не платил данок на добивка во износ од 12.810.529 денари, односно 208.300 евра и за тој износ го оштетил Буџетот на Македонија“ велат од МВР.

Прочитајте и...  Обвинение за недозволено поседување пиштол и муниција

Поврзани вести

Сообраќајна несреќа во Дебар Маало: Прегазен човек на пешачки премин

Слободен печат

Маж починал по пад од карпа кај село Кошани

Слободен печат

Изречени казни за употреба на фалсификувани ПЦР тестови

Слободен печат

485 санкции за неносење маска

Слободен печат

Затворен угостителски објект во Чегране, приведен сопственикот

Слободен печат

Обвинение за недозволено поседување пиштол и муниција

Маја Терзиова

Остави Коментар