Млад албански дилер од Велика Британија фатен во Ауди со 19 кеси кокаин

Британска полиција
Британска полиција. / Фото: Профимедиа

Деветнаесет кеси со кокаин, грчка возачка дозвола, мобилен телефон и 285 фунти готовина биле откриени при претрес на младиот Албанец Ерион Хоџа од  Бич Роуд, кој минатиот месец возел нерегистрирано „ауди“ по патот Брамфорд во Ипсвич каде бил запрен од британската полиција и приведен за продажба на дрога.

Хоџа им рекол на полицајците дека го нашле погрешениот човек. Од кога бил физички приведен со  лисици на рацете, нападнал полицаец, нанесувајќи му расекотина на раката и модринки.

Пораките на телефонот покажале дека ден пред апсењето на Хоџа, испорачал 39 кеси со кокаин на 26 клиенти со вкупна вредност од 1.530 фунти.

Судијата Никола Талбот-Хедли изјавил дека Хоџа илегално бил донесен во Велика Британија и како резултат на тоа не можел да работи легално и немал прибегнување кон јавни средства.

Од кога останал без работа, за да им се оддолжи на албанските шверцери кои го донеле во Велика Британија, тој се вклучил во продажба на дрога.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот