„МКЦ за Скопје“ во паркот на МКЦ

Мултимедијалниот културен настан „МКЦ за Скопје”, кој традиционално се одржува на 26 јули, со цел да нѐ потсети на солидарноста и хуманоста на скопјани, оваа година ќе се одржи во паркот на МКЦ.

Настанот е бесплатен, програмата ќе започне во 18:30 часот со детските работилници на уметникот Доротеј Нешовски и писателката Билјана Црвенковска. Потоа следуваат слушачки промоции на LP компилациите „Колку гласно морам да викнам за да ме чујат?” и „Има ли забава – Macedonian new wave 1981-1985″ од Тошо Филиповски како и промоција на неговата нова книга „МАКЕДОНСКА ДИСКОГРАФИЈА – ВИНИЛИ (1958-2019), Прв Том” која ќе може да се купи по промотивна цена.

По промоциите ќе започне музичката програма која ќе ја исполнат Светлост, Јордан Костов Трио и Роботек. Настанот ќе заврши со кино на трева: „Ослободување на Скопје” во режија на Раде и Данило Шербеџија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот