МКЦ за Скопје: Сеќавање на солидарноста со културна програма

Младинскиот културен центар ќе ја одбележи 57-годишнината од скопскиот земјотрес со настанот „МКЦ за Скопје“, кој ќе нѐ потсети на солидарноста на скопјани, на солидарноста кон Скопје, на интензивноста, обединетоста и хуманоста на луѓето по катастрофалната несреќа.

Програмата на настанот ги содржи изложбата на фотографии „Култните градби на Скопје“, промоцијата на книгата „Скопје: изгубените чевли на градот“ од Иван Шопов, театарска претстава на „Импров група“ и музичките концерти на групите „Перија“, „21 век“ и „Ен2три“.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 41, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 25-26 јули 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот