МКЦ ги објави селектираните автори и проекти за ликовната програма во 2021 година

Младинскиот културен центар во Скопје ги објави проектите што ќе бидат дел од Ликовната програма на центарот во 2021 година, откако комисијата ги разгледала сите 49 апликации пристигнати на јавниот повик.

По утврдувањето на комплетноста и валидноста на апликациите, комисијата одлучила да ги селектира следните автори (проекти): Галерја „Грал“ – „Иконологија на ритуалот“; Ненад Тонкин – „Детска фантазија“; Бранкица Јордановска – „Маска или преобразба на изопаченото“ (работен наслов); Филип и Ангел Коруновски – „Symbiotix“; Александра Петрушевска – „Временска дистанца“; Давид Ристевски – „Етикети на општеството“; Марија Трајаноска – „Слики“; Блаже и Ирина Атанаскови – „Untangled / Отплеткано“; Дејан Давчевски – „Oд ѕид на платно“; Иван Мегленов – „Илустрации“; Виктор Поповски – „Урбана архитектура во двојна експозиција“; Воскресија Андреевска – „Апстродистракција“; Ана Трајковска – изложба; „Колектив пркос“ – „Паралелен универзум“ и Трајче Чатмов – „Брутална вистина – Баханалии“.

Доколку има простор во текот на годината, или некоја од селектираните изложби не е во можност да се реализира и се откаже, или, пак, постои можност некоја од изложбите да се реализира на отворен простор, како алтернатива ќе биде претставен и некој од авторите што првично не биле прифатени, а биле во потесен избор, соопштија од МКЦ.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 72, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 13-14 март 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот